Австралиските продавачи на велосипеди се борат да одговорат на зголемената побарувачка и продажба, откако ограничувањата за движење поради коронавирус стапија во сила минатиот месец, пренесува „Гардијан“.
– Не можеме да одговориме на зголемената побарувачка. Телефонот буквално ѕвони непрестано – вели Грант Каплан, менаџер на продавницата за велосипеди „Џајант Сиднеј.
Вработените во продавницата првично биле загрижени дека ќе останат без работа поради ограничувањата. Но, во рок од една недела од воведување на ограничувањата, менаџерот Каплан им понудил дополнителни смени на вработените, со оглед на зголемената побарувачка и продажба на велосипеди.
Продавницата морала да престане да сервисира велосипеди што досега бил главен извор на приходи, затоа што нејзините механичари биле презафатени со склопување на новите велосипеди за клиентите.