Доктор Онјема Огбуагу е специјалист за инфективни болести и вирусолог од Нигерија, како и вонреден професор и директор на програмата за клинички испитувања за ХИВ на медицинскиот факултет на универзитетот Јеил. Иако тој работел во областа на лекување и превенција на ХИВ, по настапување на ковид-пандемијата, благодарение на претходната работа, Огбуагу имал подготвена машинерија за спроведување на клинички испитувања, пренесува „Њузвик“.
– Од април, водев клинички испитувања на ремдесивир, терапевтски лек кој доби одобрение од Агенцијата за храна и лекови (ФДА) за третман на ковид-19, а од 26 август спроведувам испитувања на вакцина против ковид-19 – вели Огбуагу.
Вакцините против ковид-19 кои се тестираат, обично се инјекции кои се вбризгуваат и предизвикуваат имунолошки одговор на телото. Орбагу и многу други научници ширум САД работат на вакцината на „Фајзер“ и „БиоНтек“, што претставува реакциона РНК-вакцина. Вирусниот антиген на САРС КоВ-2 е шилестиот протеин, и токму тој е целта на многу од вакцините кои се тестирани. Протеинот се приврзува на целните клетки во нашите тела и така вирусот започнува инфекција. Ако можете да се блокира тој процес на приврзување кон клетките, тогаш постои надеж за избегнување на инфекција.
– Начинот на кој работи испитувањето што го водам е со користење на mRNA за да се создаде одговор на антитела кон вирусот САРСОнјема Огбуабу КоВ-2. Бидејќи ја знаеме структуратана шилестиот протеин, можно е да се направи обратен инженеринг и да предизвика телото да произведе неопасна верзија на овој протеин. Откако ќе се вбризга во телото, имунолошката реакција почнува и добивате индивидуа која, доколку биде заразена со коронавирусот, нејзиното тело знае како да реагира – вели Огбуагу.
Огбуагу е среќен што има можност да помогне во откривање на вакцина против ковид-19, а исто така е задоволен од приликата да изведува тестови и да биде дел од истражувањата кои ќе водат до решението.
– Откако волонтерите ќе дојдат, ја проценуваме нивната подобност, и ја администрираме првата доза на вакцината. По 30-минутен период, учесниците одат дома и потоа ги внесуваат симптомите во апликација. Тие податоци доаѓаат до мене како главен истражувач. Ако тие имаат реакција, внесувам дали станува збор за реакција на вакцина или симптом што не може да биде поврзан со вакцината. Нашата студија, како и многу други, е контролирана со помош на плацебо ефект. Едната група добива плацебо-вакцина, а другата група вистинска вакцина, па така можеме да ја исклучиме шансата кога ќе разгледаме колку е ефикасна вакцината – вели тој.
ФДА ќе ги разгледа вакцините што покажуваат ефикасност од барем 50 отсто во спречувањето на ковид-19. Иако 50 отсто не е многу, тоа е барем некаков почеток. Намалувањето на ранливоста на населението за 50 отсто и потенцијалното постигнување на колективен имунитет како резултат, според Орбагу, е голема работа.
– Мое мислење е дека постојат три варијабли што ќе влијаат на тоа кога ќе можеме да видиме дали оваа вакцина е ефикасна. Прво, во испитувањата мора да е вклучен потребен број на луѓе. Второ, мора да почекаме да го видиме ефектот на распоредот на две дози за вакцини. Она што го научивме од испитувањата во раната фаза е дека реакцијата на антитела навистина започнала вртоглаво да се зголемува по втората доза на вакцината. Многу студии за вакцини имаат тринеделен или 28-дневен период на чекање пред учесниците да добијат втора доза. Третата, најважна варијабла, е застапеноста на ковид-19 – вели Огбуагу.
Огбуагу смета дека најрано што може да биде произведена успешна вакцина е почетокот на идната година. Податоците за инцидентите кои се собираат низ испитувања моментно не се споделуваат, но кон крајот на годината тој мисли дека ќе биде можно да се покажат рани индикатори. Повеќето научници би биле многу претпазливи во врска со екстремно брз резултат, и голем број фармацевтски компании ветија дека нема да достават никакви резултати до ФДА за кои сметаат дека се предвремени.
– Мислам дека доколку вакцината биде одобрена, дистрибуцијата првично ќе биде извршена кај оние кои се изложени на најголем ризик, луѓе како здравствени работници и постарите лица и оние кои се најранливи. Значи, мојата најрана безбедна, оптимистичка претпоставка е дека тоа ќе биде некаде во првата четвртина од 2021 година – смета Огбуагу.
Тој се надева дека пандемијата ќе заврши бидејќи работата е исцрпувачка, иако вклучувањето во процесот на создавање на вакцина, за него е неверојатно.
И покрај тоа што сѐ уште не знаеме дали вакцините ќе бидат успешни, на некој начин, чувствувам како им служам моите пациенти и на оние во заедницата. Неверојатно е од научна гледна точка да се вклучите во процесот во креирање вакцина од почеток до крај. Но, сето ова беше исцрпувачко, така што сите се надеваме дека пандемијата конечно ќе заврши, бидејќи таа го смени нашиот начин на живот и ќе бидат потребни многу години да се опоравиме, па дури и да се вратиме приближно до нормалата. Не постои подобро чувство од тоа да се биде дел од решението за ковид-19. Има многу луѓе кои работат на овој вирус на многу начини и одлично е да се биде дел од првите борбени редови на научното истражување за третман и превенција на ковид-19 – завршува оптимистично Огбуагу.