Многумина од нас наидоа на контролни пунктови на работа или во здравствени установи што не можевме да ги поминеме без да ја измериме температурата и да одговориме на прашањата дали сме патувале некаде или сме биле во контакт со заразено лице.
Иако не се бескорисни, овие процедури се со недостатоци бидејќи повеќето не развиваат треска или тоа не е првиот симптом, а многумина не знаат дали биле во контакт со заразено лице.
Ненси Роусон, биолог и потпретседател на Monell Chemical Senses Center на Универзитетот во Филаделфија, смета дека би било подобро да се тестира сетилото за мирис за да се утврди кој треба да биде испратен на тестирање на коронавирус.
Нова студија откри дека 77 проценти од заболените од коронавирус имале делумно или целосно губење на сетилото за мирис.
Освен губење на сетилото за мирис, и воспалението на грлото е еден од најраните симптоми на коронавирусот, покажала студијата.
– Тоа е еден од најраните симптоми и пред да се појави покачена температура и треска – вели таа.
Роусон вели дека го тестира сопственото чувство за мирис секоја вечер во текот на еден месец и учествува во истражување на нов систем за скрининг што може да доведе до поголема клиничка студија.
Тестот се состои од три ленти, од кои две немаат мирис, а третата ги содржи познатите мириси на кафе, чоколадо, пуканки…
Испитаниците мора да утврдат која лента содржи мириси, кои се мирисите и кој е интензитетот.