Можеше да се гледа во море од човечки трупови низ прозорецот. Вака Педро Наве го опишал ужасот за време на пандемијата на шпанскиот грип што го зафатила и бразилски Рио де Жанеиро во 1918 година, кога завршила Првата светска војна, пишува хрватски „Индекс“. Шпанскиот грип го одзема живот на околу 50 милиони луѓе во една од најсмртоносните епидемии во историјата.
Во густо населениот Рио грипот брзо се ширел. Непогребаните тела на починатите луѓе лежеле по улиците и парковите, бидејќи власта не успевала да се погрижи за нив. Оваа постакпокалиптична слика е опишана во книгата „Шпанскиот грип и како тој го смени светот“ на Пејл Рајдер .
Тоа е истиот град во кој сме навикнати да гледаме како деца играат фудбал на улиците, имитираjќи ги своите јунаци од бразилската репрезентација и сонуваат за натпреварите на познатата „Маракана“. Нава споредбено со денешната реалност, опишува како се играл фудбал пред празни трибини во Рио.
Пандемии низ историјата
Голема е разликата помеѓу шпанскиот грип и коронавирусот, но има поуки кои можат да ни бидат од корист за начинот на кој луѓето се справуваат со пандемијата. Спортот станал главна тема за разговор поради ризикот од собирањето на илјадници луѓе во околности на опасен респираторен патоген, пишува „Гив ми Спорт“.
До неодамна спортските мечеви во Европа се играа без публика, без ракување, на ист начин на кој што се забранувале групни собирања пред 102 години.
Влијание врз американскиот спорт
Шпанскиот грип го „опустошил“ спортот и спортските натпревари. Експертот Џон Бари се осврнува на тоа како американските бејзбол-играчи во 1919 година се фотографирале со маски на лицето. Само неколку натпревари на универзитетите добиле дозвола да се одиграат. Во време кога паролата „работа или борба“ спортот се сметал за непотребна активост, а лигата во бејзбол била намалена и спортистите биле принудени да бараат работа.
Ако одблизу го погледнете трофејот на Стенли купот во хокеј на мраз, под 1919 година може да се прочита дека „серијата не е завршена“. Неколку играчи починале од грипот поради висока температура по пет меча .Еден од болните играчи Џо Хал починал по четири дена, а генералниот директор на Монтреал Џорџ Кенеди не успеал да закрепне потполно, и покрај тоа што починал неколку години подоцна.
Тоа бил трагичен доказ дека и најјаките и физички најдобро подготвени членови на општеството не се имуни на болеста која заразила една третина од светската популација. Истата болест која сеела смрт во Бразил предизвикала тага и во Африка, Азија, Европа и Океанија, со стапка на смртност поголема од Првата светска војна.
Постпандемиски развој на спортот
Додека светот едвај се опоравувал од последиците на пандемијата, се појавил зрак на сонце и надеж. Начинот на кој грипот се раширил низ густо населените подрачја со лоши санитарни услови довеле да се бараат решенија кои препорачувале луѓето да поминуваат повеќе време на чист воздух, да вежбаат и имаат физички активности.
Според Спини грипот е причината за развивање на страста кон спортот.
Спортот почнал да ги заинтригира и допира до сите слоеви на општеството. Дури и самата етимологија на шпанскиот грип има и внатрешни врски со спортот. Шпанскиот крал Алфонсо 13-ти, чие оболување придонело за пандемијата да го добие своето име, дал благослов на мал фудбалски клуб во главниот град на својата држава.
Баш таа одлука помогнала да се развие играта која е омилено хоби на Шпанците и да се роди организација која денес сите ја знаеме како Реал Мадрид или клуб на столетието според ФИФА.
Поука за надеж
Пандемијата во 1918 година и денешната ни укажуваат дека човечката цивилизација секогаш е заробена во светот на природата што ја опкружува. Како што во сегашните услови не се бира кој ќе биде заразен, така универзалниот свет на спортот и понатаму ги обединува луѓето.
Епиграмот на Бил Шенкли дека фудбалот е посериозен од животот и смртта може да биде невистинит, но сплотеноста која спортот ја создава ги надминува и оди подалеку од двете неизбежни работи на човековото постоење.
Шпанскиот грип остана како доказ во ова тешко и несигурно време дека дури и најсмртоносните закани за човечката цивилизација не можат да ги уништи работите кои ги соединуваат луѓето и ги држат сплотени.