Вашата прва средба поминала добро, имате закажанa нова и одеднаш мора да останете дома и да вежбате социјално дистанцирање. Што ќе правите тогаш, прашува Би-би-си.
Двојката првпат се состанала во бар пред неколку недели, па морала да импровизира за својата втора средба поради појавата на коронавирус.
Поради тоа партнерот на Сила Хоуп и испратил 15 фунти за шише вино. Потоа тие поминаа три часа на видео разговор, запознавајќи се.
– Кога тој предложи да купиме вино, јас на почетокот само се смеев – објаснува Сила, 25-годишна консултантка за маркетинг од Кројдон.
Вечерта, двајцата излегле и го купиле истото шише вино розе.
– Јас си купив и бомбони Харибо – признава таа.
Парот договорил онлајн-средба во точно одредено време. За таа пригода Сила се подготвила со малку шминка, но не се дотерала многу.
Но, се чини дека виртуелната љубовна средба има свои потенцијални проблеми како одење во тоалет, запознавањето со членовите на семејствата со кои живеете порано од планираното, немање можност да бидете потполно сами, без да ви влезе во кадар некој член на семејството, а најчуден бил обидот за заедничко гледање на телевизиска серија.
– Сепак може да се каже дека беше забавна средба – вели Сила.
Средбата, сепак, поминала доволно добро за да закажат и трета, за која планираат одредени промени.
Сила вели дека немало виртуелен бакнеж, но оти следната средба ќе биде нивна трета, па којзнае…“.