Хрватската Влада на денешната седница донесе одлука да донира вакцини против ковид-19 во Македонија и државите на кои, според проценката на механизмот Ковакс, им е најпотребна.
Од вакцината на „Фајзер“, 87.750 дози се донација за Македонија, а 734.400 дози одат во државите каде што се најпотрбни, според проценката на механизмот Ковакс.
Во одлуката не е наведено кому се донираат вакцините преку Ковакс, но според извештајот на Министерството за здравство испратен до хрватската Влада на 5 октомври, евидентно е дека се работи за донација на вакцината на „Фајзер“ за Мексико. Хрватска досега донираше 2.467.820 дози вакцини.
До крајот на годината, Хрватска ќе донира уште 45.000 дози вакцини на „Модерна“ и 135.360 дози вакцини „Фајзер“ во Тунис и 794.400 плус 31.200 дози вакцини „Џонсон и Џонсон“ во друга земја преку механизмот Ковакс.