Јужна Кореја ќе започне да ја администрира првата од 117.000 дози на вакцините против коронавирусот од „Фајзер“ на 27 февруари, еден ден откако земјата ќе ги започне своите први инокулации со вакцината на „АстраЗенека“.
– Плановите предвидуваат околу 10 милиони луѓе со висок ризик, вклучително и здравствени работници и вработени и некои жители на установи за асистирана грижа и домови за стари лица, и тие да бидат инокулирани до јули.
Првите вакцини „Астразенека“ треба да се администрираат во петок, а дозите на „Фајзер“ ќе бидат распоредени следниот ден – рече премиерот Чунг Сје-кјун во изјавата што ја пренесува новинската агенција Јонхап.
Властите соопштија дека нема да користат да ја користат вакцината на „Астразенека“ кај луѓе на возраст од 65 години и постари додека не станат достапни повеќе податоци за ефикасноста, со што се менува претходната одлука.
Освен со „Астразенека“ и „Фајзер“, Јужна Кореја исто така постигна договори со „Модерна“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“ и глобалната шема за споделување вакцини Ковакс, за набавка на нивните вакцини.