Се чини дека Шведска влегува во третиот бран на пандемијата, соопшти денеска здравствената агенција по воведувањето на новите ограничувања поради зголемувањето на бројот на заразени и многу брзото ширење на новите видови на вирусот кои се сметаат за позаразни.
Шведска регистрира 11.804 новоинфицирани од петокот до денеска, за разлика од 10.933 нови случаи минатата недела.
– Изгледа дека влегуваме во трет бран – рече главниот епидемиолог Андерс Тегнел.
Шведска воведе нови мерки – го ограничи бројот на клиенти во продавниците, а кафулињата и рестораните работат со скратено работно време.