Вториот бран на ковид-19 што ја погоди Шведска може да го достигне својот врв на средината на декември, објавија денеска здравствените власти.
Тие посочија дека развојот на настаните ќе зависи од тоа колку јавноста ќе ги следи советите за социјална дистанца.
Во Шведска од коронавирус досега починале 6.622 лица, што е значително повеќе по глава на жител од соседните Норвешка, Данска и Финска, кои се определија за построги мерки во текот на пролетта, но бројките во Шведска се пониски од оние во поголемите европски земји.
Построгите ограничувања кои се на сила од средината на октомври, сепак, можеби помогнаа да се забави ширењето на болеста, а Агенцијата за јавно здравје соопшти дека вториот бран може да го достигне врвот во следните недели.
Шведска денес регистрираше 5.841 нови случаи и 67 смртни случаи.