– Тие се благодарни што успеаја да поминат заедно извесно време пред да започне ова лудило. Хари разговарал со својата баба и татко. Тој им рекол да се чуваат и да преземат дополнителни мерки на претпазливост – изјави близок пријател на двојката.
Меган презеде мерки за да го заштити своето семејство. Таа бара од сите кои се во нивниот тим, односно од луѓето кои купуваат намирници и вршат нарачки, да носат ракавици од латекс и да се придржуваат кон строг протокол за хигиена.
– Само малкумина ќе можат да комуницираат со неа, со Хари и со Арчи“. И тоа е сведено на минимум – рече изворот.
Но, без оглед на ситуацијата, Меган и Хари работат со експерти за да се договорат како најдобро да и служат на јавноста додека се во изолација. Тие сметаат дека пандемијата е криза на менталното здравје и се чувствуваат присилени да помогнат.