Документите од Европската агенција за лекови поврзани со вакцините за коронавирус биле украдени, изменети и потоа објавени на Интернет, јави ДПА.
Документите вклучуваат доверлива е-пошта, во која се прават проценки за вакцините.
– Некои од мејловите се манипулирани од крадците за да се наруши кредибилитетот на вакцините – соопшти агенцијата.
Во декември, компјутерски криминалци упаднаа во компјутерскиот систем на агенцијата и добија документи кои им припаѓаат на производителите на вакцини „Фајзер“ и „Бионтек“.
Не е јасно каде се објавени документите, а непознати засега се и идентитетот и мотивите на хакерите. Истрагата е во тек.
Агенцијата ги проценува вакцините и лековите пред да ги препорача на Европската унија за одобрување.