Франција ќе распореди 100.000 полицајци на фиксните контролни пунктови во целата земја за да го спроведе двонеделниот налог за спроведување на режимот за ограничено движење на претседателот Емануел Макрон, најновата драматична мерка преземена за контролирање на пандемијата на коронавирус, пренесува РТ.
Секој што ќе биде фатен како ги крши строгите ограничувања мора да може да ја оправда причината за своето движење или ќе се соочи со законски казни, вклучително и глоба до 135 евра, предупреди францускиот министер за внатрешни работи, Криштоф Кастанер.
„Некои исклучоци може да се толерираат“, додаде Кастанер, вклучувајќи патување помеѓу дома и работа, за купување, од здравствени причини, за помош на ранливите луѓе, за родители или за кратки патувања.
Од пешаците и од возачите ќе се бара да добијат дозволи за патување, кои ќе ѝ бидат покажувани на полицијата што управува со мрежата контролни пунктови во цела Франција. Министерот истакна дека полицијата ќе ги спроведe ограничувањата.
Претседателот Макрон ѝ прогласи војна на смртоносната појава во националното обраќање во понеделникот порачувајќи им на сите граѓани да останат во затворени простории за време на националното спроведување на режимот за ограничено движење, што почна денес.
Патувањето ќе биде дозволено само за основни обврски, како што се патувањата во аптека или самопослуга, а границите на Франција со соседните земји во шенген-зоната, што вклучува поголем дел од Европската Унија, исто така ќе се затворат.