Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, се закани дека ќе го блокира извозот на вакцини на „Астра Зенека“ надвор од Европската Унија, поради намалените залихи.
Во интервју за медиумската групација „Функе“, Фон дер Лајен истакна дека во првите три месеци од годинава компанијата испорачала само 30 проценти од договорените количини.
Во меѓувреме, Данска пријави два случаи на здравствени работници со тромбоза и церебрална хеморагија по вакцинирањето со „Астра зенека“, пренесува „Ројтерс“.
Здравствените власти во Копенхаген соопштија дека еден од здравствените работници починал. И двајцата ја примиле вакцината „Астра зенека“ помалку од 14 дена пред да се разболат.
Данската агенција за лекови потврди дека добила два сериозни извештаи без да наведе повеќе детали.