Американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиското обраќање до нацијата соопшти дека САД ќе ги суспендираат сите летови од Европа за Соединетите Американски Држави на 30 дена со цел во да се спречи ширењето на пандемијата со коронавирусот во светот. Одредбата ги опфаќа сите европски земји освен Велика Британија, а не важи за американските граѓани и оние со постојан престој во САД.
Трамп не прецизираше кои земји се вклучени во рестрикцијата, но во соопштението објавено потоа се наведува дека станува збор за 26 земји од Шенген зоната. Тој оцени дека во Европа имало многу случаи на КОВИД-19, бидејќи владите не презеле мерки какви што презема Вашингтон. Одвоено Стејт департментот им препорача на Американците да не патуваат во странство. Во САД досега има околу 1.200 заразени со вирусот, додека 37 починале.
– Европската Унија не успеа да воведе такви мерки на претпазливост (како САД) и да забрани патувања од Кина и другите жешки точки – изјави Трамп.
Тој додаде дека тоа било причина за појавување на нови жаришта на болеста во САД. Истовремено, Пентагон најави забрана за патувања на својот воен и цивилен персонал во рок од 30 денови а кон такви дестинации како Јужна Кореја, Италија, Иран и Кина.