Светската здравствена организација соопшти дека се случило понатамошно забрзување на ширењето на коронавирусот во Европа, каде што минатата недела се регистрирани голем број новозаболени лица, што е скоро половина од вкупниот број на заразени лица во светот.
Светската агенција објави во неделниот извештај, објавен доцна синоќа, дека европските земји исто така забележале зголемување на смртноста од ковид-19 за 46 проценти во споредба со претходната недела, пренесува АП.
Иако се зголеми и бројот на смртни случаи на американскиот континент, стапката на раст е само два отсто.
Во Европа, Франција, Италија и Велика Британија пријавија најголем број нови случаи, додека Андора, Чешка и Белгија пријавија највисока стапка на инфекција по глава на жител.