Светската здравствена организација (СЗО) во петокот забележа рекордно зголемување на бројот на заразени со коронавирус во светот, откако биле регистрирани 237.743 случаи, за 24 часа.
Најголем пораст на бројот на пациенти е забележан во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, според дневниот извештај, пренесува Ројтерс.
Претходниот рекорден број заразени лица е регистриран на 12 јули, кога во светот биле потврдени 230.370 случаи на новозаразени.
Според податоците, повеќе од 14,1 милиони луѓе се заразени со коронавирусот ширум светот, 595.557 лица починале, а повеќе од 8,3 милиони се излечиле.