СЗО извести дека е забележан рекорден раст на случаи на ковид-19 на глобално ниво, затоа што во последните 24 часа биле регистрирани 284.196 нови случаи.
Најголем раст е забележан во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, се наведува во извештајот, пренесе „Ројтерс“.
Претходниот рекорден број на нови случаи на заразени со ковид-19 е забележан на 18 јули кога изнесувал 259.848.
Бројот на смртни случаи пораснал за 9.753, што е најголем број на починати во еден ден после 30 април кога биле регистрирани 9.797 смртни случаи.
Во текот на јули просечниот број на починати бил околу 5.000, додека во јуни тој број изнесувал 4.600.