Светската здравствена организација (СЗО) веројатно ќе ја одобри руската вакцина „спутник В“ против коронавирусот до средината на септември, објави денеска помошничката на генералниот директор на оваа организација, Маријангела Симао.
– Што се однесува до вакцината „спутник В“, процесот на одобрување е во тек, имаме некои законски процедури низ кои поминуваме во моментов – рече Симао, пренесуваат агенциите.
Симао додаде дека проценките за вакцината започнале во јули и се добро напреднати, и дека очекува конечната евалуација на одобрувањето на вакцината да се направи до средината на септември.