Семејствo од Вухан нарачало свинска чорба од ресторан близу нивната куќа, но храната брзо им преседнала откако во неа пронашле мртов лилјак.
Супата најпрво ја вкусил таткото, кој изел скоро половина од нарачаниот дел. Кога другите членови решиле да го изедат остатокот, три дена по нарачката, нашле мртов лилјак во чорбата, пишува „Дејли мејл“.
На телевизиската снимка јасно се гледа дека станува збор за лилјак, а семејството брзо се упатило кон ресторанот каде им било кажано дека замрзнатите продукти ги купиле од локален производител.
Сопственикот на ресторанот истакнал дека е невозможно лилјакот да паднал во чорбата, туку дека тој сигурно слетал во садот откако семејството Чен го отворило оброкот.
Локалните власти покренале истрага откако семејството Чен поднело жалба, но истрагата е комплицирана со оглед на тоа дека лилјакот бил пронајден дури три дена по купувањето на чорбата.
Сите членови на семејството од Вухан во меѓувреме се тестирале и се негативни на коронавирус, а сопственикот на ресторанот, се согласил да им плати обештетување од висина од околу 250 фунти, пренесува „Дејли мејл“.
Засега не е докажано што е изворот на вирусот, кој најпрво се појави во Кина, но се претпоставува дека првичните носители биле лилјак или панголин.