Лабораториите Санофи и ГСК најавија дека ќе и стават на располагање 200 милиони дози од својата вакцина против ковид-19 на меѓународната програма Ковакс, која ја покрена Светската здравствена организација (СЗО) и која треба да обезбеди глобален пристап до вакцините.
Француски Санофи и британски ГСК соопштија дека потпишале писмо со Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ), кој управува со програмата Ковакс.
Двете лаборатории, наводно, имаат намера да стават на располагање 200 милиони дози вакцина против ковид-19, ако биде одобрена од регулаторните тела.
Санофи и ГСК заеднички развиваат потенцијална вакцина.
Клиничките испитувања врз луѓе започнаа во септември. Првите резултати од тестот се очекуваат на почетокот на декември 2020 година, додека третата клучна фаза од тестот е планирана пред крајот на годината.
Гави рече дека најавата на двете лаборатории е важен чекор, потсетувајќи дека целта е да се соберат две милијарди вакцини до крајот на 2021 година.
Според официјалните податоци, 184 земји се приклучија на меѓународниот систем за набавка и дистрибуција на вакцини – 92 земји со ниски и средни приходи ќе добиваат дози бесплатно, а 92 земји со високи приходи ќе ја поминат програмата „Ковакс“ во набавките, но ќе мора да ги платат дозите од сопствен џеб.