Американскиот претседател, Џо Бајден, најави дека САД до крајот на јуни ќе донираат 80 милиони американски вакцини, од кои 60 милиони дози вакцини на „Астразенека“ и најмалку дополнителни 20 милиони дози на вакцини кои се одобрени за употреба во САД, соопшти Белата куќа.
– Ние настојуваме да собереме конкретни обврски што можат да се исполнат од други влади и партнери од приватниот сектор за да овозможиме повеќе вакцини, да го поттикнеме производството на вакцини и суровини, да обезбедиме вакцини низ целиот свет и помош на здравствената заштита со цел спасување животи и запирање на ширењето на Ковид-19, сузбивање на пандемијата и закрепнување на економиите – се вели во соопштението.
Оваа најава на администрацијата на Бајден е следниот чекор во интензивирањето на напорите на САД да се справи со Ковид-19 низ целиот свет, се додава во соопштението.