Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО.
Тој рече дека САД се решиле на овој потег затоа што веруваат дека СЗО е премногу блиска до Кина и имала лош пристап во управувањето со пандемијата на коронавирусот.
Трамп додаде дека сите средства што САД досега ги издвојувале за СЗО сега ќе бидат пренасочени за други организации.
– Кина го прекриваше коронавирусот и овозможи да се прошири низ целиот свет – рече Трамп во своето обраќање во кое упати голем број критики кон официјален Пекинг.