Руските научници им препорачаа на сите што примаат вакцина против ковид-19 да консумираат храна богата со протеини, бидејќи нивниот недостиг, како и стресот, можат негативно да влијаат на создавањето на антитела.
– Луѓето кои примаат вакцина против ковид-19 треба да јадат повеќе храна богата со протеини, бидејќи недоволно протеини можат негативно да влијаат на производството на антитела на коронавирус – изјави Александар Гинзбург, раководител на Рускиот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви вакцината „Спутник 5“.
Количината на храна богата со протеини, односно количината на протеини во исхраната, има големо влијание врз производството на антитела. Производството на антитела е процес што троши многу енергија, така што внесувањето месо, но не и маснотии, има сериозно влијание на тоа, пренесува ТАСС.
Гинзбург додаде дека луѓето кои биле вакцинирани треба да се фокусираат на консумирање на висококвалитетни протеини, а според рускиот научник, количината на храна богата со протеини потрошена во една земја покажува не само колку е богата таа нација, туку и колку е силен колективниот имунитет на нејзиното население.
Меѓу факторите кои можат негативно да влијаат на производството на антитела, научникот ги наведе алкохолот и стресот.
– Сите форми на стрес можат забележително да го намалат бројот на антитела – нагласи Гинзбург.