Русија денеска пријави 1.106 смртни случаи како последица на ковид-19 во последните 24 часа, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата, соопшти Кризниот штаб за борба против коронавирусот.
Вкупниот број на регистрирани смртни случаи поврзани со ковид-19 се искачи на 232.775 лица, а Русија пријавува повеќе од 1.000 смртни случаи од коронавирус веќе осми ден по ред, пренесуваат руските агенции.
Според Кризниот штаб, 2,8 отсто од заразените со коронавирус починале во Русија.
Бројот на нови инфекции во Русија исто така се зголемил за 36.466 на 8.316.019 во последните 24 часа, соопшти кризниот штаб.
Претседателот Владимир Путин нареди граѓаните кои се вакцинирани против ковид-19 да добијат два дополнителни платени слободни дена, беше објавено вчера на веб-страницата на Кремљ.
Покрај тоа, Путин и нареди на владата да го зголеми опсегот на тестирање на граѓаните за коронавирусот, како и стапката на вакцинација.
Владата, исто така, има задача да купи и доставува до регионите скапи лекови потребни за лекување на пациенти со ковид-19.
Соочени со влошена стапка на инфекција и бавна вакцинација, властите ќе воведат построги мерки оваа недела во обид да го спречат ширењето на пандемијата, па платените неработни денови ќе стапат на сила од 30 октомври до 7 ноември.
Од четврток, Москва ќе воведе најстроги мерки за затворање, според кои ќе бидат отворени само примарните продавници како супермаркетите и аптеките и бензинските пумпи.