Доколку клиничките испитувања се покажат успешни, Русија се надева дека со своите партнери до крајот на годинава ќе произведат околу 200 милиони дози на новата вакцина против коронавирусот.
Првата фаза од испитувањето веќе е завршена, а втората треба да заврши околу 3 август, соопшти Кирил Дмитријев, шеф на рускиот фонд што го финансира пронаоѓањето на руската вакцина.Третата и последна фаза од испитувањата треба да се одвива на руска територија, но и во неколку други земји.