На постарите лица во Полска нема да им се дава вакцината на „Астразенека“ против коронавирус, рече министерот задолжен за програмата за вакцинација, Михал Дворчик, но додаде дека конечната одлука ќе биде донесена по препораките на медицинските експерти.
Европскиот регулатор на лекови во петокот ја одобри вакцината на „Астразенека“ за лица над 18 години, но рече дека сè уште нема доволно резултати за лица над 55 години за да утврдат дали вакцината ќе делува.
Во четвртокот германскиот комитет за вакцинација препорача само луѓе на возраст од 18 до 64 години да се вакцинираат со вакцината на „Астразенека“, а истото го соопштија и здравствените експерти во Австрија.