Данска е една од првите земји што ги отворија своите општества на 15 април по еден месец карантин дозволувајќи им на учениците до петто одделение да се вратат на училиште.
– Не можете да видите негативни ефекти од повторното отворање на училиштата – рече д-р Питер Андерсен осврнувајќи се на ажурираните податоци.
Најновите податоци не покажуваат значително зголемување на инфекцијата кај деца на возраст од 1 до 19 години во периодот по делумното повторно отворање на училиштата.
– Врз основа на првичните искуства што ги имавме, планот за повторно отворање е храбар – додаде Андерсен.