Новата британска студија покажа дека тестовите за коронавирус се толку чувствителни што можат да откријат траги на неактивни вируси на инфекција што поминала пред неколку недели, што може да резултира со лажно позитивни резултати што го зголемуваат обемот на пандемијата.
Научниците од Универзитетот во Оксфорд велат дека повеќето луѓе се заразни само една недела, но дека тестовите можат да покажат позитивен резултат со недели после тоа, што значи дека бројот на заразени во моментов може да биде помал отколку што се мислеше.
Еден од авторите на студијата, професорот Карл Хенеган, смета дека тестовите за Ковид-19, наместо „позитивен / негативен“ резултат, треба да имаат праг што нема да покаже позитивен резултат доколку вирусот е присутен во многу мала количина.
Тој верува дека остатоците од делови на неактивни вируси може делумно да објаснат зошто бројот на заразени лица во моментов се зголемува во Велика Британија, додека бројот на пациенти во болниците стагнира.