Бебе што имало само 23 дена починало од инфекција на коронавирус во Иран. Локалните медиуми, повикувајќи се на изјава на Саид Кешмири, директор на Центарот за борба притив коронавирусот во Бушехер, информираат дека вчера починале девет лица, меѓу кои и 23-дневно бебе.
Тој вели дека во болницата во градот има 162 пациенти кај кои е утврдено присуството на вирусот. Кешмири потврди дека 35 пациенти биле на респиратор.
Во Иран починаа 13.608 лица, а 267.061 се заразени како резултат на инфекција со коронавирус од почетокот на пандемијата. Поради зголемениот број заразени, некои покраини во Иран се прогласени за црвени зони, а други, вклучувајќи го и главниот град Техеран, се прогласени за ризични области.