Нов вид коронавирус е откриен во училиште во Баналек, Бретања, Франција, за кој експертите тврдат дека е мутација различна од сите досега познати варијанти на ковид-19 вирусот.
Новиот сој се разликува од алфа, бета, делта-сојот на коронавирусот, пренесуваат француските агенции.
Досега, според нивните извештаи, со новиот вирус се заразени 24 лица, од кои 18 се студенти, а вирусот првпат се појавил пред еден месец.
Како што се наведува, седум од 12-те паралелки биле затворени поради појавата на вирусот.