Најстарата жителка на Европа, калуѓерка од Франција, оздраве од ковид-19, ден пред нејзиниот 117-ти роденден.
Луси Рендон, која се замонашила во 1944 година и добила име сестра Андре, имала позитивен тест за коронавирус на 16 јануари, но немала никакви симптоми.
Таа за локалните медиуми изјави дека не ни сфатила дека е заразена. Се изолирала од другите жители на еден дом за пензионери во Тулон, град на југот на Франција, и целосно оздравела.
Сестра Андре, која е слепа и користи инвалидска количка, со нетрпение очекува да го прослави својот роденден в четврток – иако ќе го одбележи со помала група жители на домот од вообичаеното.
„Имаше многу среќа“, рече Дејвид Тавела, портпарол на домот за пензионери.
Тој за весникот „Вар Матин“ изјави: „Таа не ме праша за сопственото здравје, туку за навиките. На пример, таа сакаше да знае дали ќе се промени распоредот на оброците или спиењето. Таа не се плашеше од болест. Од друга страна беше многу загрижена за другите жители на домот”.
Сестра Андре е родена на 11 февруари 1904 година. Покрај тоа што е најстара личност во Европа, тој е втора најстара личност во светот, според списокот на суперстогодишници.
На прашањето на француската телевизија БФМ дали е исплашена поради ковидот, таа одговори: „Не, не бев исплашена, бидејќи не се плашам да умрам. Среќна сум што сум со вас, но сакам да бидам и на некое друго место – да им се придружам на моите брат, баба и дедо.