НАТО-алијансата почна да ги вакцинира своите вработени, ова како што пренесуваат германските медиуми го овозможи Полска.
Со цел да се обезбеди сигурност на првиот самит на НАТО со новиот американски претседател Џо Бајден, околу 3.500 вработени во моментов се вакцинираат во седиштето на алијансата во Брисел, пренесуваат агенциите.
Според германските агенции, медицинскиот персонал веќе почнал со вакцинирање на персоналот на НАТО.
Самитот на НАТО треба да се одржи на 14 јуни.
Вакцинирањето на персоналот на НАТО е овозможено затоа што Полска, и покрај недостигот, обезбеди околу 7.000 дози вакцини.