Вкупниот број на лица во Шпанија вакцинирани со две дози од вакцините на „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“ е 1.000.485.
17.416 лица ги примиле првите дози на вакцината „АстраЗенека“. Вкупно, повеќе од 2,4 милиони луѓе се вакцинирани во земјата.
Во последните 24 часа, во Шпанија се регистрирани 14.581 нови случаи на зараза со ковид-19 и 530 смртни случаи. Бројот на заразени е најмал на дневна основа од крајот на декември, а постепено се намалува и стапката на ширење на вирусот во земјата. За 14 дена, во просек биле регистрирани 540 случаи на зараза на 100.000 жители, во споредба со 900 на 100.000 жители од крајот на јануари. Некои области почнаа да ги олабавуваат ограничувањата, објави „Ројтерс“.