Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи со коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале 24 лица како последица на вирусот.
Од почетокот на епидемијата во Германија од Ковид-19 заболеа 437.866, а починаа 10.056 лица.