Вкупно 181 случај на заболени со коронавирус се потврдени попладнево во Словенија, што е за 40 повеќе од вчера.
Податоците покажуваат дека 75 случаи има во Љубљана, 39 во Ново Место, 27 во Цеље и 13 во Марибор, соопшти владата на Твитер.
Ова е најголем скок во бројот на заболени пациенти досега во земјата.