Француските здравствени власти соопштија дека 12.532 случаи на коронавирус се потврдени трет ден по ред откога Франција бележи повеќе од 10.000 инфекции дневно.
Доколку во Франција продолжи да расте бројот на новозаразени од коронавирус, не ја исклучуваме можноста од повторно воведување полициски час, изјави денеска државниот секретар за европски прашања, Клемон Бун, пренесуваат француските медиуми.
Франција вчера објави повеќе од 12.500 нови случаи на Ковид-19, трет ден кога бројот на инфекции надминува 10.000 лица.
Агенциите известуваат дека многу заразниот делта-сој е виновен за зголемувањето на бројот на пациентите, а вкупниот број на заразени од коронавирусот од почетокот на пандемијата надмина 5,87 милиони.
Министерството за здравство во извештајот за новите случаи објави дека починале пет лица, така што вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 е 111.472 лица.