Германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за јавниот сервис АРД, кое беше посветено на вакцинирање против вирусот корона, ја спомена Србија.
На изјавата на новинарот дека Србија вакцинира побрзо од Германија и дали е проблемот ако земјите надвор од ЕУ се побрзи, Меркел одговори дека е точно дека Србија вакцинира побрзо. Канцеларката додала и дека Србија вакцинира со кинеската вакцина.
– Србија вакцинира побрзо, со кинеската вакцина. Отсекогаш сме велеле дека секоја вакцина што е лиценцирана од Европската агенција за лекови (ЕМА) е добредојдена. Разговарав со рускиот претседател за тоа и денес слушнав добри вести за руската вакцина. Секоја вакцина е добредојдена во ЕУ, но ќе бидат прифатени само оние што ги даваат сите потребни податоци на ЕМА – рече Меркел.
Таа изјави дека е склона да ја користи руската вакцина против ковид-19 во Европа по позитивните научни резултати за нејзината ефикасност, а ја отвори вратата и за кинеската вакцина.