Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, денеска разговараше со колеги од повеќе земји ширум светот кои успешно се носат во борбата против коронавирусот.
Тој истакна дека целта е да се воспостави соработка така што малите земји да не зависат од суперсилите.
Курц разговараше со премиерите на Австралија, Нов Зеланд, Израел, Данска, Чешка и Грција за соработка во истражувања за лек и вакцина против ковид-19.
– Ова се земји кои, како нас, реагираа рано и интензивно и со тоа минаа низ кризата подобро од другите – истакна тој.
Додаде дека се консултирал со колегите за тоа како најдобро да се обнови социјалниот и економскиот живот, држејќи го вирусот под контрола.
– Географската локација е доста различна, но сите тие се мали земји, паметни земји – објасни тој за агенцијата АПА.
Дел од групата е и премиерот на Сингапур, но тој не можел да учествува на денешната видео-конференција.
Курц рече дека има некои други кандидати кои ќе се приклучат на групата во наредниот период.