омпанијата „Фејсбук“ објави дека привремено ја намалува брзината на протокот на видео-содржините на своите социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, со цел да се спречи колапс на Интернет во Европа, пренесуваат светските медиуми.
Ова го објаснуваат со наглото зголемување на користење на Интернет по воведувањето на вонредни мерки низ Европа, според кои се треба да се работи од дома, како и да се седи во социјална изолација.
Истото го најавија и „Нетфликс“ и „Гугл“ за да се овозможи непрекинато функционирање на Интернет за време на кризата со ковид-19.
Претходно, Европската комисија се обрати до операторите и корисниците на интернет-услугите, со цел да спречи колапс на мрежата во вакви вонредни околности. На платформите за стриминг на видео-содржини им е препорачано да нудат стандардни наместо содржини во висока резолуција, а на корисниците да користат бежичен Интернет и помала резолуција на содржините.
Според Европската комисија, моментно нема проблеми во Европа, но властите апелираат да се внимава и да се следи состојбата.