Кинеска фармацевтска компанија ќе ја произведува вакцината „спутник 5“. Компанијата се согласила да произведе повеќе од 100 милиони дози на руската вакцина против ковид-19, објави денеска рускиот државен инвестициски фонд.
Двете страни планираат да соработуваат во клиничките испитувања во Кина и да ја промовираат употребата на вакцината таму, известува фондот, пренесува „Ројтерс“.
Кинеската компанија ќе може да ја дистрибуира вакцината во Кина, Хонгконг, Макао и Тајван, се наведува во соопштението на инвестицискиот фонд.