Индија забележа повеќе од 90.000 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа и го надмина Бразил според вкупниот број на заразени, соопштија официјалните лица.
Оваа земја сега го има вториот најголем број на заразени со вирусот во светот – 4.204.613. Забележани се 71.642 смртни случаи, со што Индија е трета земја во светот по бројот на починати.
Зголемувањето на бројот на нови случаи претежно е регистрирано во пет индиски држави, пренесува Би-би-си.
Епидемијата се шири во време кога властите продолжуваат да ги укинуваат ограничувањата во обид да ја зајакнат економијата, бидејќи милиони луѓе останаа без работа од појавата на вирусот во март.