Израел почна со аплицирање на трета доза на вакцина против ковид-19 за лицата со слаб имунолошки систем.
Министерството за здравство соопшти дека поради зголемувањето на бројот на заразени, им овозможува на оваа категорија граѓани да примат трета доза од вакцината на „Фајзер“.
И покрај успешната масовна вакцинација, Израел во последните недели бележи постојан пораст на бројот на новозаболени со ковид-19. Повеќето нови случаи се меѓу деца кои не ги исполнуваат условите за вакцина, а Владата ги охрабрува младите да се вакцинираат.
Израел досега вакцинираше повеќе од 61 процент од своите 9,3 милиони граѓани со најмалку една доза и речиси 56 проценти со две дози.