Се очекува масовната имунизација против ковид-19 во Македонија да почне кон крајов на месецов или на почетокот на идниот месец, како што изјави премиерот Зоран Заев по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.
Тој додаде дека кон крајот на месецов се очекуваат првите вакцини преку системот „Ковакс“, а од следната недела и вторите дози од руската вакцина „спутник“ со која се вакцинираат здравствените работници.
Заев посочи и дека очекува попрецизна информација за пристигнувањето на кинеските вакцини од страна на кинескиот министер за одбрана кој треба да допатува во Македонија на 30 март.