Здружението на германски филолози смета дека проветрувањето на училниците за време на есенста и зимата ќе биде од голема важност, за да се спречи ширењето на ковид-19.
– Поради тоа за време на студените месеци џемперите, шаловите и ќебињата ќе бидат основна опрема за учениците – рекла претседателката на здружението, Сузан Лин-Клицинг за дневникот „Билд“.
Наставниците и учениците треба да се облекуваат слоевито, а на надлежниот министер му забележа дека предоцна почнал со планирање на студените месеци.
Таа од наставникот Хајнс-Петер Мајдингер побара воведување на училишен „корона семафор“.
Тој смета дека е исправно да се примени правилото што важи во одредени провинции, дека од 50 новозаразени лица на 100.000 жители неделно, постарите ученици мора да носат маски и за време на часовите.