Со новиот најголем дневен пораст на бројот на новозаразени од коронавирус од 17.296, Индија се приближи на бројот од половина милион заразени од почетокот на пандемијата.
Поради тоа е одложено продолжувањето на нормалното функционирање на железничкиот сообраќај, кое беше најавено за од 30 јуни.
Министерството за здравство на земјата исто така регистрира уште 407 починати во изминатите 24 часа и сега вкупниот број на починати во оваа земја изнесува 15.301.
Сепак од министерството велат дека стапката на оздравени продолжила да се подобрува и сега е на 57,43 проценти, додека процентот на смртност на 100.000 заразени се одржал на 1,86 отсто, што е значително подобро од процентот во светот кој изнесува 6,24 проценти.