Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Кина одобрила испорака на втор контингент вакцини „коронавак“ против ковид-19 и дека викендов во Турција може да пристигнат 10 милиони дози.
Оваа вакцина е произведена од компанијата „Синовак биотек“.
Турција веќе доби почетно количество од три милиони дози и вакцинира 1,166 милион луѓе. Тоа се претежно здравствени работници и стари лица.
Ердоган ја објави информација за вакцините во обраќањето до новинарите во Истанбул.