Светската здравствена организација соопшти дека двајца експерти од нејзината мисија за утврдување на потеклото на новиот коронавирус во Кина сè уште се во Сингапур, поради тестирање за ковид-19. Останатите 13 експерти пристигнаа во Вухан, пренесува „Ројтерс“.
Сите 15 членови на мисијата на СЗО беа негативни пред заминувањето и во Сингапур исто така сите беа негативни на тестот, но кај двајца членови на тимот се пронајдени антитела и тие повторно се тестираат, соопшти СЗО.