Во врска со најавата дека Унгарија, поради бавната испорака на европски вакцини, размислува за увоз на лесно достапни кинески вакцини, Брисел вели дека нема потреба за билатерална набавка на дополнителни вакцини и дека не се преговара со Кина на ниво на ЕУ.
– ЕУ обезбеди 2,3 милијарди дози потенцијални вакцини, а само од компаниите ‘Фајзер’ и ‘Модерна’ нарачавме вакцини за 80 проценти од населението во ЕУ, и тие веќе се користат – изјави портпаролот на Европската комисија, Дана Спинат.
Европската комисија наведува дека само од компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ се нарачани 760 милиони дози (600 милиони и 160 милиони) и дека наскоро ќе пристигнат и други вакцини.
– Затоа, нема потреба од какви било билатерални договори за дополнителни дози над оние што ги договори ЕК за потребите на сите земји членки – рече Комисијата.