Во последните 24 часа закрепнале скоро 3.500 пациенти во Русија, што значи дека бројот на оние што го победиле коронавирусот надминал 550.000. Според податоците на кризниот центар, 71 процент од заразените се опоравиле од вирусот.
Од вчера, регистрирани се 6.109 нови случаи на ковид-19 и 95 смртни случаи. Тоа е најмал број на смртни случаи за еден ден од 29 јуни, според ТАСС.
Во Русија од почетокот на пандемијата се заразени 771.546 луѓе, а починале 12.342 лица.