Два авиони со заштитна опрема пристигнаа денеска за помош на оптоварениот шпански здравствен систем, откако бројот на потврдени случаи на коронавирус надмина 100.000 лица.
Авиони со заштитни маски, комбинезони и антибактериски производи, еден од Кина и еден од Турција, слетаа на воениот аеродром во близина на Мадрид, соопшти Министерството за одбрана.
Шпанија денеска го надмина бројот од 9.000 починати и повеќе од 100.000 заразени.
Шпанија стана втора земја по број на жртви после Италија.